Крис Браун во Сараево- предизвика хистерија меѓу фановите

Американскиот рапер пристигна во соседството на покана на познатата Санела.
Американската R&B ѕвезда и поранешниот дечко на Ријана, Крис Браун пристигна во Сараево и тоа во придружба на босанско-херцеговската џет-сетерка Санела Јенкинс за да го прослават роденденот на нејзиниот син Инис.

„Санела ми зборуваше со многу емиции за Сараево и вашата земја. Морав да дојдам и да ја видам убавината која ми ја опиша. Ми кажа дека сте единствен спој на култура кој е уникатен во Европа“, рекол Крис.

View image on Twitter

Пристигнувањето на Крис Браун предизвика хистерија меѓу обожавателите кои се обиделе да добијат автограм или да се сликаат selfie со него. Една обожавателка се обидела да му ја земе капата од глава, но Браун останал смирен и со насмевка ја вратил на глава.

- Реклама -