Хју Лори поминувајќи српска граница оставил сувенир

Популарниот „Доктор Хаус“ во Белград ќе настапи на 14 јули во Сава центарот, како дел од промотивната турнеја на новиот албум „Didn’t It Rain“, а по влезот во Србија имал необична ситуација на граница.

Screenshot_8

„Влегов во Србија, но морав да се врата на граница по саат време. Граничарот го задржа мојот пасош за да направи фотокопија како сувенир. Феноменално!“, напишал на својот Твитер профил Хју Лори.

Тој во Сава центарот ќе настапи со својот бенд „The Copper Bottom“, а репертоарот ќе се најдат хитови на блуз музика.

- Реклама -