Кој го води светот? Бијонсе на врвот на листата објавена под Форбс на најмоќните луѓе на светот

Списанието „Forbes“ објави листа на најмоќните ѕвезди.

Првото место ѝ припадна на Бијонсе.

Бијонсе и Џеј Зи на својата последна турнеја заработиле 2.4 милиони долари од настап, а вкупно имале 95 концерти. Во период од една година, односно од 1 јуни 2013 до 1 јуни 2014 година заработиле 115 милиони долари.

На второто место е Леброн Џејмс. Во изминатата година неговата сметка стана поголема за 72 милиони долари.

На трето место е Д-р Дре, кој за една година заработил 620 милиони долари! Ова е инаку најголема сума до сега на листата на Форбс на познатите личности. А оваа листа не се прави само по заработката, туку и според популарноста и појавувањето во медиумите.

На четвртото место е Опра Винфри.

После Опра е уште едно телевизиско лице, Елен Деџенерис која е на петото место.

Сопругот на најмоќната позната личност, Џеј Зи е на шестото место оваа година.

Спортистот Флод Мејведер се најде на седмото место.

Осмото место е завземено од Ријана.

На деветото е нејзината колашка Кети Пери.

А на десетото место е најкул актерот Роберт Дауни Џуниор.

- Реклама -