Пејачот милионер: „Нема ништо да им оставам на децата! Сè сам ќе потрошам!“

Познатиот пејач откри дека неговите деца за пари и тоа како треба да работат…
Поранешниот фронтмен на Police и успешниот соло музичар, Стинг, во интервју за Mail изјавил дека на своите деца нема намера да им остави пари!

„Веќе им имам кажано дека од парите нема многу да останат бидејќи ние ги трошиме. Имаме многу обврски. Што ќе заработиме, го трошиме и нема уште многу останато“, објаснил 62-годишниот пејач кој со сопругата Труди имаат три сина и три ќерки.

Иако неговото богатство се проценува повеќе од 180 милиони фунти, Стинг вработува околу 100 луѓе и тврди дека неговите шест деца за пари ќе треба да работат.

„Сосема е сигурно дека нема им оставам пари во наследство. Ќе мораат да работат. Сите мои деца тоа веќе го знаат и ретко ме прашуваат за нешто и тоа го почитувам и ценам“, изјавил Стинг.

- Реклама -