Помести се Расел, доаѓа нов гладијатор!

Репутацијата на Расел Кроу како најлегендарен Гладијатор наскоро ќе се уништи. Џерард Батлер го снима филмот „Боготвите на Египет“.

За разлика од Расел, Батлер ќе глуми негативец, немилосрден бог на темнината, но на сетот изгледа дека Џерард одлично си поминува.

Во филмот покрај Батлер се појавува и „француската божица“. Француската актерка Елоди Јунг до сега имала некои мали улоги кои не ја ставиле во прв план, но не е баш јасно зошто. Преку само неколку фотографии од снимањето на „Боговите на Египет“, јасно е дека таа ќе ги освои сите низ улогата на божицата Хатор.

Мора да признаеме дека постојат големи сличности меѓу Батлер и Расел додека се во гладијаторскиот костум, но ќе видиме каков ќе биде резултатот.

Што мислите вие, кој е подобар Гладијатор?

- Реклама -