Ја одбија поканата за свадба, но поклонија јахта!

Можеби се најдобри пријатели, но Џеј Зи според странските медиуми ја одбил поканата за свадбата на Канје поради преголемата медиумска присутност.
Најмоќниот пар во светот на музиката Бијонсе и Џеј Зи веројатно нема да се појават на венчавката на Канје Вест и Ким Кардашиан. Странските медиуми пишуваат дека сакаат да избегнат преголемо медиумско внимание, и не сакаат да бидат дел од реалити шоуто ‘Keeping Up With Kardashians’, кое ќе го снима целиот настан во Франција.

„Џеј Зи би бил таму ако свадбата не планира да се претвори во јавен настан“, рекој извор за The Sun. Но, иако ќе ја избегне свадбата, Беј и Џеј на среќната двојка ќе им изнајмат јахта од 100 илјади фунти за да можат да уживаат на медениот месец.

Џеј и Канје се семејни пријатели со години, заедно имаат снимено неколку спотови и заедно биле на турнеја. Иако се шират гласини дека Бијонсе и Ким не се поднесуваат, тие две се видени како пријателски разговараат на концерти а видени се и во клиника за нега на лицето каде споделиле неколку совети за убавина.

- Реклама -