Тежок е патот до славата: Немале што да јадат и спиеле со глувци!

Заедничкото на овие познати личности е трнливиот пат до успехот.
Џастин Бибер, Селена Гомез, Кејти Пери и Ники Минаж се ѕвезди кои имаат сè, пари, слава, забава и обожаватели.

Денес овие ѕвезди прават милиони и можат да си ги дозволат најскапите автомобили и палати, но нивното минато било прилично сиромашно.

Патот до славата бил многу трнлив. Ви ги претставуваме ѕвездите кои немале гламурозно детство.

Katy Perry (Foto: AFP)

Кејти Пери

По повод промоцијата на својот нов албум ‘Prism’, пејачката ангажирала златен камион на кој го пишува името на својот нов албум и датумот на објавување. Но, пред неколку години познатата пејачка не можела да си дозволи таков луксуз. Нејзиното детство изгледало прилично скромно. Израсната под строг верски режим со родители кои едвај успевале да го прехранат семејството.

MTV Movie Awards, Nicki Minaj (Foto: JLP) - 1

Ники Минаж

Пејачката со своето семејство се преселила од Port of Spaina во Тринидад, во САД на возраст од пет години. Гледајќи ја сиромаштијата во која растела и напорот на нејзината мајка како вложува за таа и нејзиното семејство да имаат нешто за јадење, ја натерало пејачката да стане богата. Уште како дете се стремела кон подобар живот за да се оддолжи на своите и да им обезбеди сè што им треба. Секоја чест Ники, трудот се исплатил!

Selena Gomez (Foto: AFP)

Селена Гомез

Младата пејачка и актерка, Селена Гомез е вистинска тинејџерска ѕвезда. Но, младата убавица не е родена со златна лажица во уста. Заедно со својата мајка собирала монети за да можат да платат комунални услуги и да се прехранат.

Justin Bieber (Foto: AFP)

Џастин Бибер

Денес мегапопуларен а некогаш сиромашно момче. Тешко е да се поверува дека младиот пејач кој ги распродава концертите без проблем и не се симнува од музичките топ листи, некогаш пеел на улица за да заработи некоја паричка. Младиот пејач живеел со својата мајка во валкана куќа полна со глувци и понекогаш со празен фрижидер. Благодарение на талентот и напорот на неговата мајка да му обезбеди подобар живот, Џастин сега е еден од најдобрите ѕвезди ширум светот.

- Реклама -