Познатиот актер го бакна водителот во емисија во живо! (ВИДЕО)

Иако неодамна се вери, тоа не значи дека не смее да се бакне со други!
Џони Деп во емисијата на Џими Кимел го промовираше својот нов филм ‘Transcendence’, но момците малку се опуштиле и се присетиле на старите добри времиња.

„Мразам да започнувам работи на негативен или тежок начин, но кога последен пат гостуваше во емисијава се бакнавме неколку пати па ми се чинеше дека баш се согласивме. Неколку пати и заедно се насмеавме. Навистина мислев дека меѓу нас има хемија, а потоа следното што го слушнав е дека си се верил“, американскиот водител емисијата ја започнал со оваа шега, а Деп тоа без проблем го прифатил.

„Се уште се чувствувам лошо поради тоа, но тоа можеше да биде ништо. Ако ме разбирате“, продолжил Деп додека Кимел не се откажуваше.

Водителот му рекол на актерот дека би сакал да оди со него на меден месец, а Џони потоа го земал своето лабело, ги напачкал усните и на крај на разговорот му даде сочен бакнеж.

Ова не било нивниот прв бакнеж. Пред една година Џони Деп исто така гостуваше во неговата емисија кога водителот му рече? „Имаш многу убаво…Па, ајде да бидеме искрени, имаш прекрасно лице!“

Ова беше првиот пат кога Деп го бакна Кимел во лице. Тогаш тој уште еднаш стана и го бакна во уста, а потоа уште еднаш.

Можеби навистина има „хемија“ меѓу нив.

- Реклама -