Ѕвезди кои „паднаа“ на лоши момци

Кој може да одолее на опасен лош дечко или девојка? Сигурно не познатите личности…

Ен Хатавеј и Рафаело Фолиери

Добитничката на Оскар Ен Хатавеј беше „жртва“ на човекот со име Фолиери. Вистински уметник на измамата… Овој италијанец украл милиони долари од еден инвеститор пред да биде уапсен и испратен во затвор.

Елен Помпео и Крис Ејвори

Елен Помпео „падна“ на „привлечниот“ Крис Ејвори кој заглави во затвор поради измама со кредитни картички. Поминал година дена во федерален затвор. Исто така, бил во затвор поради трговија со дрога.

Џенифер Лопез и Каспер Смарт

Момчето на Џенифер Лопез, Касмер Смарт неколку пати бил во затвор за брзо возење, но и поради возење без дозвола. Исто така, тој и не се вика Каспер Смарт, туку Бау Пол Смарт.

Лана Тарнер и Џон Стомпанато

Лана Тарнер, позната актерка од 40-тите години била со мафијаш од Лос Анџелес Џони Стомпанато. Нивната врска заврши крваво. Всушност, ќерката на актерката Шерил Крејн, се вмешала во расправија меѓу мајка и и Џони. Го избодела мафијашот со нож и искрварил до смрт.

Сандра Булок и Џеси Џејмс

Сите беа изненадени кога Сандра Булок „се смувала“ со Џеси Џејмс. Освен што е познат по тоа што врши прељуби, како што ја измамил и неа на крај, тој повеќе пати е донесен пред суд за „перење“ на пари преку својата работа.

Ријана и Крис Браун

Крис Браун има досие во полиција откога ја претепа својата тогашна девојка Ријана. Потоа, често го посетува судот, поради тепачки, дроги, а веќе со години му се заканува и затвор.

Чарли Шин и Џинџер Лин

Долго време пред и самиот да се прослави како толку проблематичен, Чарли Шин бил вистински криминалец. Џинџер Лин, се разбира, порно актрка и некогашна девојка на Шин, поминала некое време во затвор поради затајување на данок, а потоа била на клиника за одвикнување од кокаин.

Шарлиз Терон и Шон Пен

Шарлиз Терон од неодамна е во врска со Шон Пен… Американските медиуми известуваат дека се надеваат дека Пен со годините е „омекнат“ со оглед на тоа дека во минатото шест пати бил приведен во затвор поради напад на својата тогашна партнерка Мадона.

Кети Пери и Расел Бренд

Кети Пери беше со Расел Бренд кој четири пати бил уапсуван. Причината за неговото затварање е зависноста од алкохол и хероин. Двојката се раздели по 14 месеци брак.

Џеј Зи и Бијонсе

Иако денес е еден од највлијателните рапери и продуценти, минатото на Џеј Зи не е толку сјајно. Бијонсе избрала навистина лошо момче. Освен што бил дилер на дрога, тој го застрелал и својот брат, Џеј Зи и прободел еденч човек за време на тепачка пред еден ноќен клуб.

- Реклама -