Најпознатата навивачка во светот врзана па тепана!

Лариса Рикелме, која за време на Светското првенство во фудбал во 2010 година беше прогласена за најсекси навивачка, била претепана.
Најпознатата навивачка во светот, Лариса Рикелме, била претепана во Аргентина во семејниот дом на својот вереник Џонатан Фабро, пишуваат американските медиуми.

Screenshot_2

Рикелме и фудбалерот неодамна биле нападнати за време на прославата на роденденот на мајката на Фаброа, а во куќата упаднале шест маскирани и вооружени лица кои ги врзале присутните, им се заканувале и тепале пред да украдат пари и други скапоцености.

„Беше присутно целото семејство. Тие дури се закануваа со нож на девојче од четири години“, рекла сестрата на Лариса, Лили. Рикелме и Фабро не се огласиле на медиумите, но, за среќа, никој не е повреден.
Полицијата и понатаму го истражува случајот и досега никој не е уапсен.

- Реклама -