Бијонсе потрошила 850 евра во ресторан за брза храна

Поп дивата Бијонсе во ресторан за брза храна потрошила неверојатни 850 евра по концертот во Манчестер.
Бијонсе по концертот ги почестила 11 автобуси во кои биле нејзините соработници. Нарачала од ресторан за брза храна 50 порции помфрит, 22 порции пилешки медалјони и 26 хамбургери. Келнерката која ја добила нарачката се шокирала која ја слушнала Бијонсе, а сметката била 850 евра.

 

Ова не е прв пат пејачката да го однесе тимот на колективен ручек. Претходната година во лондонскиот Нандо ресторан на нив потрошила 1.700 евра.

- Реклама -