Расел Кроу во солзи

Поранешната манекенка Шарлот Досон е пронајдена мртва на возраст од 47 години.
Поранешниот модел од Нов Зеланд и телевизиска личност Шарлот Досон е пронајдена мртва во својот стан на восраст од 47 години. Странските медиуми обајавија дека долго време страдала од депресија.

2014-02-24 13_39_34-Bivši model Charlotte Dawson pronađena mrtva u stanu - Dnevnik.hr

Портпаролот на Шарлот ја потврди нејзината смрт. „Со длабока болка ја објавуваме загубата на Шарлот Досон. Нашето најдлабоко сочуство со семејството“, рекол Харт.

„Беше во многу лоша состојба. Страшна состојба“, рекој нејзин пријател.

2014-02-24 14_15_30-Bivši model Charlotte Dawson pronađena mrtva u stanu - Dnevnik.hr

Во 2012 година, Досон била хоспитализирана поради “исмејавање“ на Твитер и негативни коментари. Тогаш странските медиуми објавиле дека дури била спремна и на самоубиство.

Познатиот холивудски актер Расел Кроу бил на ручек во еден ресторан со своите синови и пријатели, и се расплакал кога ја дознал трагичната вест. Кроу и Досон биле пријатели уште од детството и заедно пораснале во Нов Зеланд. „Шарли Д…. Едноставно не разбирам. Немаше подобра личност од тебе. Почивај во мир“, напишал Кроу на Твитер.

2014-02-24 14_15_23-Bivši model Charlotte Dawson pronađena mrtva u stanu - Dnevnik.hr

 

- Реклама -