Шинејд О’Конор открила зошто ја избричила главата во 80-тите

Пејачката и текстописец Шинеjд О’Конор открила дека во 80-тите години ја избричила главата затоа што во тоа време било многу тешко да се биде жена. Музичката индустрија била предодредена за мажите.
Исрската пејачка се појави на музичката сцена во доцните осумдесети и тогаш немаше уметник сличен на неа. Кога се појавила со својот контроверзен изглед и истакнати политички ставови, тоа било доволно да ја приметат, и првиот договор го потпишала на само 17 години.

Тој период, како што вели, бил многу тежок за жените во музичката индустрија. „Менаџерите сакаа да имам долга коса и да носам кратки здолништа. Не ми се допаѓаше тоа. Отидов во првата берберница и ја избричив главата“, рекла пејачката- бунтовник во емисијата на Опра Винфри.

За да се заштити себеси, Шинејд ја избричила главата и се облекувала како маж, за да биде што помалку привлечна.

 

- Реклама -