Погледнете го Фејсбук видеото на Џастин Бибер

Објавена е пародија на Фејсбук ‘Look Back’ компилација, а главна жртва е Џастин Бибер, и е чини дека се тргнало на лошо откако ја скратил косата.
Моментално на Фејсбук се популарни компилациите кои, по повод 10 години од оваа социјална мрежа, на корисниците им е понуден преглед на сите нивни најважни настани во животот.

Во краткото видео од една минута можете да ги видите фотографиите и статусите кои собрале најмногу лајкови. Беше само прашање на време кога некој ќе се пошегува на туѓа сметка.

Овој пат жртва е младиот пејач Џастин Бибер на чија сметка се пошегувал Вуден Никел Шортс кој инаку снима хумористични видеа. Погледнете.


Justin Bieber’s Facebook Movie by WoodenNickelShorts

- Реклама -