Rudimental, Skrileks, Dub FX и Koven на Eгзит!

Моментално најбарените имиња на светската дабстеп и драменбејс сцена пристигнуваат на Петроварадин тврдина. Rudimental, Skrileks, Dub FX и Koven ќе настапат во живо на „Егзит“ фестивалот.

Британскиот состав Rudimental со сеуште актуелниот хит „Waiting all night“ е прогласен за најдобар нов бенд за 2013-та година, а на најпознатиот балкански фестивал на 11-ти јули ќе настапат во живо, освојувајќи ги срцата на милионската публика. Само ден предходно на големата сцена на „Егзит“ доаѓа Skrileks. Дека е меѓу најбараните имиња во светот на дабстепот и диџејството воопшто, најдобро зборува фактот дека на листата на Форбс е меѓу највисоко платените диџеи на деветото место со заработка од 16 милиони долари, само во 2013-та година. Добитник е на шест Греми награди, а во Нови Сад доаѓа со ексклузивно аудио-визуелен настап во живо.

Интересно е дека првиот изведувач на овогодинешниот фестивал го објави познатиот Рони Сајз кој синоќа бил гостин на забавата на која ја организаторите прославувале наградата за најдобат фестивал.

Исто така, на сцената на 10-ти јули ќе се појави и Бенџамин Станфорд ака Dub FX. Го прослави видеото „Love someone“ од 2008-ма година, снимено на улица, кое е најдобар пример за неговиот талент.

Петнаесеттото издание на „Егризт„ наречено „Egzit avantura“ и од 10 до 13 јули традиционално се случува во Петроварадин, додека по журката под името „Si dens“ од 15 до 17 јули се сели во Црна Гора на плажата Јаз.

Креаторите на хит синглот „More than you“, британското дуо Koven, ќе настапи на главната бина во петок, 11-ти јули.

Влезниците за „Егзит“ ќе чинат 5.990 динари, а за „Егзит“ и „Si dens“ на Јаз 6.990 динари.

- Реклама -