Обвинета за расизам: Жената на Абрамович седи на црна манекенка

Оваа фотографија на Инстаграм ја постави уредничката на магазинот, Мирослава Дума, која заедно со Даша се обвинети за расизам.

Жената на рускиот милијардер Роман Абрамович, Даша Жукова, е обвинета за расизам откако за еден магазин, се фотографираше како седи на црна манекенка.

Оваа фотографија на Инстаграм ја објави уредничката на магазинот, Мирослава Дума , врз која исто така е покренато обвинување. Друштвените мрежи просто пламнаа кога фотографијата виде „бел ден“, што ја примора Мирослава да ја тргне фотографијата.

Организацијата за женски права во Русија упати јавна критика на Даша и магазинот, наведувајќи дека со оваа фотографија е понижен целовкупниот женски род.

Црната вештачка манекенка на која Даша седи изгледа неверојатно реално и на себе носи само чизми, додека се обидува да ја види личноста која седи на неа.

За да биде работата уште полоша. истата е објавена на денот на Мартин Лутер Кинг, кој се борел за расна рамноправност во светот.

- Реклама -