Почина Тригер од „Сплетки“

Актерот Роџер Лојд Рак, познат по неговата улога Тригер од британската хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), почина на 69-годишна возраст, објави денес BBC.
Роџер е роден во северен Лондон во 1944-година, а неговиот татко Чарлс Лојд Пак исто така бил актер. Агентот на Роџер Лојд Пак потврди дека популарниот актер починал вчера вечерта од тумор.

Популарниот Тригер од „Сплетки“ беше редовен гостин на пабот „Рагина глава“ и стариот пријател Дел Бој. Беше ѓубретар и ситен шверцер. Тригер во серијата се појави од првата епизода, со кратки паузи, се до крај.

- Реклама -