Топ пет Божиќни костуми на познатите ѕвезди!

Божиќниот дух ги зафати и популарните ѕвезди, а тие не пропуштија прилика да се сликаат за социјалните мрежи.
Многу познати ѕвезди ги зафати празничното расположение и посегнаа по божиќните капи, костуми и „рудолфски“ носеви. Така, ние ви ги носиме најдобрите пет ѕвездени божиќни изданија, кои се појавија на социјалните мрежи.

1. Џастин Бибер

2013-12-25 12_21_56-Top 5 božićnih outfita poznatih zvijezda - Dnevnik.hr

Хо, хо, хо, среќен Божиќ! Не се сомневаме дека тинејџерите низ светот би сакале да добијат пакетче од Џастин Бибер Дедо Мраз. Поп ѕвездата се појави на црвениот тепих облечен во костум од Дедо Мраз за премиерата на својот филм ‘Believe’. „Бибер Мраз ќе ве однесе на ноќно санкање од соништата“, напишал пејачот покрај својата фотографија.

2. Кели Кларксон

2013-12-25 12_22_04-Top 5 božićnih outfita poznatih zvijezda - Dnevnik.hr

кели Кларксон можеби сака поврторно да го поклони својот празничен џемпер. Бремената кантри пејачка се облекла во грд божиќен џемпер кој го поклонила на Елен Диџенерес и во него позирала пред новогодишната елка. Ова сигурно не е нејзиното најдобро Божиќно издание.

3. Мајли Сајрус

2013-12-25 12_22_14-Top 5 božićnih outfita poznatih zvijezda - Dnevnik.hr

Жалам Рудолф, не те препознавме! Мајли Сајрус го ставила црвениот нос во стилот на Дедо Мраз и посакала среќен Божиќ на своите обожаватели на Твитер.

4. Кејти Пери

2013-12-25 12_22_21-Top 5 božićnih outfita poznatih zvijezda - Dnevnik.hr

Кејти Пери настапила во стилот на ледена кралица на Jingle Ballu во Лос Анџелес. Пејачката била облечена во долг капут со боја на мраз со крзно. Но, работите се вжештиле откога го соблекла капутот и продолжила во блескаво трико за вториот дел од настапот.

5. Шанаја Твејн

2013-12-25 12_22_29-Top 5 božićnih outfita poznatih zvijezda - Dnevnik.hr

Шанаја Твејн дефинитивно е во божиќно расположение и ја ставила божиќната капа за време на еден настап. А неможеме да не приметиме дека изгледа прекрасно покрај големиот снежен човек.

- Реклама -