Home Сваштарник Сте добиле четири да на X фактор? Епа, пу – пу не важи!

Сте добиле четири да на X фактор? Епа, пу – пу не важи!

0

„Ова не е фер, можеа и телефонски да не известат“, „Срамота“ „ Фаќав автубус од Црна Гора за да ми го кажат ова“…

Така изгледаа коментарите на кандидатите по вчерашната втора ( прва?) селекција на популарното шоу x – фактор.  Имено, за оние кои не се упатени, се случи нова селекција на веќе направената.

Судиите повторно ги прегледувале снимките од првите аудиции, па врз основа на нив одлучиле кои ќе продолжат понатаму.

Така, ако сте се радувале, па дури и  сте имале четири да (имаше и такви), одеднаш жири комисијата се предомислила. Вие сте во групата на оние кои не ги задоволуваат критериумите да продолжат понатаму.

Епа, драги мои трачари се надевам дека ова нема да се случува и во продолжение на балканското шоу. Се надевам дека еднаш донесената одлука  нема да може да се погази без укажана втора шанса.

Сепак, да сумираме што друго се случуваше вчера. Откако немилосрдно ги отфрлија половина од натпреварувачите , останатите беа поделени во 10 групи, а од нив само 24 продолжија понатаму.

Секоја група имаше по една песна, па така, од нив се очекуваше секој да се истакне со својот дел. Имаше се, од вистински тимови до себични поединци, но тоа е веќе очекувано, во овој дел од натпреварувањето.

Македонците кои поминаа во понатамошното натпреварување се Иван Раденов – победник на Македонскиот идол, како и неговиот брат Кико Раденов,  понатаму фаворитот Даниел Кајмакоски кој вчера имаше послабо претставување ( можеби не му „лежи“ Тоше, а и не е Тоше за секој), како и Филип Јаневски – Фифи.

Им посакуваме многу успех и фер плеј 😉

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here