Хурем доби 547.000 евра за рекламирање пелени

Актерката Мерјем Узерли, која на нашите простори се прослави по улогата на султанката Хурем, сними реклама за пелени во Германија иако е веќе во поодмината фаза на бременоста.

За рекламата која трае само 30 секунди, таа доби повеќе од половина милион евра. Во истата, Мерјем во рацете држи мало девојче, поради што е особено среќна со оглед на тоа што и самата очекува девојче.

Актерката со турско потекло изјавила како оваа реклама била особено корисна за неа со оглед на тоа што научила да менува пелени.

- Реклама -