Најглупавите изјави на богатите и славните

„ Кога гледам ТВ и ги гледам сите оние гладни деца ширум планетата, не можам да не заплачам. Меѓутоа би сакала да сум толку слаба, но не со сите оние муви и смртта и слични работи“, изјави во една прилика пејачката Мараја Кери. Прочитајте дел од најголемите бламови на светските ѕвезди.
Бритни Спирс

– Никогаш не сум сакала да одам во Јапонија. Едноставно не сакам да јадам риба. А знам дека е многу популарна таму, во Африка.

Парис Хилтон

Се лошо што може да се случи на една личност, ми се случи мене.

Крис Џенер (по венчавката на ќерка и) 

Таа (Ким Кардашијан) не заработила ни цент од оваа венчавка.

Арнолд Шварценегер

Мислам дека геј браковите се нешто што треба да се случува меѓу маж и жена.

Arnold_Schwarzenegger-650x487

Брук Шилдс

Пушењето убива. Кога сте убиени, сте изгубиле многу важен дел од животот.

Кристина Агилера

Каде се одржува канскиот филмски фестивал оваа година?

Елизабет Харли

Отсекогаш мислев дека Мерлин Монро изгледа фантастично, но јас би се убила ако сум толку дебела.

Доналд Трамп

Мојата убавина е тоа што сум многу богат

Гвинет Палтроу

Повеќе би пушела крек, отколку да јадам сирење од конзерва.

ashtonkutcher-600x272

Ештон Качер

Бројот на линиите на челото говори колку животи сте живееле претходно.

Ракел Велч

Ме замолија да дојдам во Чикаго, бидејќи Чикаго е една од 52-те држави.

Ивана Трамп

Пишувањето на фикции е супер. Можете да измислите речиси се.

Џорџ Буш

Мислам дека војната е опасно место.

Боби Браун

Можете да очекувате Боби да биде Боби. Но Боби не е Боби. Боби едноставно не може да биде Боби.

- Реклама -