Упс! Познатата пејачка не ни забележа дека фустанот ѝ падна

Тони Брекстон почна повторно да настапува, а по долгата пауза ѝ се случи вистинска незгода. Фустанот едноставно ѝ падна и го покажа нејзиниот задник!

Тони Брекствон својата слава ја доживеа во 90-тите со хитовите „Unbreak My Heart“, „Spanish Guitar“, “You’re Making Me High“… но и покрај успехот и големата заработка, пејачката доживеа банкрот.

Toni-Braxton

Денес, 45-годишната Брекстон ги изгуби авторските права на нејзини 27 успешни песни, неодамна се разведе и има лупус (состојба во која имуниот систем станува хиперактивен и го напаѓа нормалното, здраво ткиво) поради што не настапуваше подолго време. За среќа, состојбата  ѝ се подобори, па се врати на сцената.

Тоа, сепак, не помина успешно. Во текот на настапот краткиот фустан едноставно ѝ се лизна и ѝ го откри задникот. Кога видел што се случува, еден член од тимот ѝ го дал неговиот капут за да се покрие. Тони сепак е вистинска професионална, па продолжила да пее како ништо да не се случило.

- Реклама -