Пенелопе Круз е новата Бонд девојка

Улогата на следната Бонд девојка и припадна на шпанската актерка Пенелопе Круз. Новиот филм за тајниот агент ќе се снима следното лето, а ѕвездата тогаш ќе има 40 години што ја прави најстара актерка во историјата која ќе ја игра оваа улога.

24-тото остварување за агентот 007 се уште нема наслов, а буџетот за неговото снимање ќе изнесува милион фунти. Најверојатно филмот ќе го режира Сем Мендес, кој постигна огромен успех со „Skyfall“.

Моментно титулата најстара Бонд девојка ја носи Онор Блекмен која имаше 39 години кога се појави во Goldfinger од 1962 година како Пуси Галор.

- Реклама -