Селин Дион: Син ми изгледа подобро во високи потпетици од мене

Пејачката Селин Дион објави фотографија од нејзиниот син Нелсон во карирано сако и високи потпетици.

„Еден од моите синови, две иполгодишниот Нелсон, изгледа подобро во високи потпетици од мене“, се пошегувала Дион гостувајќи во една емисија.

ss

Таа има три деца, 12-годишниот Рене Чарлс и близнаците Нелсон и Еди.

Пејачката искоментирала дека очигледно не е единствената во семејството што сака штикли. Таа во орманот има 3 000 чифтови чевли.

- Реклама -