Третман за разубавување на вагината

После украсувањето на женските гениталии со светки, тетоважи и кристали, во мода доаѓа нов третман за разубавување на вагината. Откако целосно ќе се издепилира, по што восокот темелно ќе се исчисти, се втријува хидратантна крема врз која подоцна се нанесува и маска, со цел да се добие совршена свилена кожа. Третманот трае во просек околу 50-ина минути.
Сопственичката на салонот за убавина во Сан Франциско, Кетрин Голдман, вели дека бараноста на овој третман пораснала за третина, и додала дека ваквото негување на интимните делови е особено потребно после „бикини“ или „бразилска“ депилација која ја суши и оштетува кожата. Третманот го добил називот „вајацијал“, по примерот на „фациал“ третманите кои се однесуваат на лицето.

- Реклама -