Игра на престоли: Секс сцените кои направија револуција во ТВ историјата

Серијата „Игра на престоли“ донесе вистинска револуција на малите екрани, но и поглед на голотијата на телевизија.

Ги прегледавме моментите кои вредат да се видат повторно. И повторно. Мало предупредување- содржината не е погодна за лица помали од 18 години.

Минатата недела целиот Интернет беше преплавен од новите епизоди од петатта сезона на хит серијата „Игра на престоли“, и додека веќе во првата епизода посведочивме нова смрт, ние се одлучивме да погледнеме во позабавната страна- разголените моменти кои ја „скокоткаат“ фантазијата на мажите и жените ширум светот.

1. Сите се опседнати со женските гради и брадавици

Голото женско тело е возбудливо и со векови привлекува внимание. На многу обожаватели на серијата им останаа во сеќавање сцените како сензуалното капење во пештарата по сексот на Џон Сноу и Игрит.

Или, на свадбената церемонија на Дотраки воинот, која на денот на свадбата влегува со голи гради. А нема кој не ја забележа на прв поглед срамежливата Калиси и нејзините змејови – и оној момент на повторно раѓање, кога гола и полна со пепел сите ѝ се поклонуваа.

2. Машките задници во фокус

Новата револуција на ТВ е секако прикажувањето на машки задници. Како што во популарната серија има доста секс сцени кои го „зачинија“ целото сценарио, така и машките задници се еднакво во фокусoт колку и женските гради.


Top 10 ” Game Of Thrones ” Sex Scenes And… by Top10AllTime

3. Целосно голи, целосно природни

Колку често имате прилика да видите целосно голо тело на телевизија?  „Игра на престоли“ се погрижи за тоа. Така, Карис ван Хоутен ја покажа својата магија пред камерите.


Carice van Houten full frontal nude scenes in… by karlos-krunshten

4. Секс пози

Се чини дека во серијата најомилена поза е онаа од позади. Детален опис веруваме дека не ви е потребен.

- Реклама -