Талент и квалитет? Сепак, најважно е да се покажат градите и задникот

Многу светски ѕвезди својата популарност ја стекнале со квалитетни песни, одличен вокал и врвни светски настапи. Сепак, постојат и оние чии музички талент не е во прв план и чиј заштитен знак им е – голотијата.

Мајли Сајрус

Нејзиното несовесно облекување и контроверзно однесување целосно ја засени сликата на чиста тинејџерка која некогаш сме ја имале. Особено впечатлив беше нејзиниот настап во еден геј клуб во Лондон, кога пејачката јавала голем гумен пенис.

Ники Минаж

Ники Минаж едноставно не може а да не привлече внимание со своите провокативни фотографии и комбинации на облека во кои пренагласено ги истакнува своите облини, а неретко објавува слики на кои е како од „мајка родена“.

Кеша

Пејачката Кеша Сиберт во последно време е позната по одвикнувањето на булимија и нејзините голи фотографии отколку по пејачките способности. ОСобено впечатливи се нејзините сески фотографии како и улогата во својата песна „Dirty love“, во која глуми стриптизета.

Лили Ален

Од напад на фотограф, испејување на колега, до настап на концерт во сосема проѕирна маица, тоа е сликата за Лили Ален во последно време. Исто така, беше во центарот на вниманието на плажа во Кан, каде беше сликана топлес.

Кортни Лав

Вдовицата на Курт Кобекн, Кортни Лав има долга листа на скандали кои се далеку попознати од нејзината музичка кариера. Еден од нив е нејзиното соблекување на настапи, каде знае да пее и полугола.

Џени Мелоун

На пејачката Џени Мелоун голотијата никогаш не ѝ била проблем, па во нејзиниот спот „Dead rabbit hope“ се појавува целосно гола, а своите интимни делови ги покрила со листови ружа.

Лејди Гага

Највпечатливи изданија има секако Лејди Гага. Настапи кои изобилуваат со голотија, појавување во јавноста во облека која е се освен пристојна, како и бројните фотографии на кои нејзиното голо тело е во прв план, ја одликуваат оваа пејачка.

Ријана

Убавицата од Барбадос просто обожава да го покажува своето тело, па заради тоа и од неодамна ѝ беше блокиран Инстаграм профилот токму поради таа голотија, па мораше да ги избрише сите експлицитни фотографии од социјалните мрежи.

Мадона

Ни Мадона не е ништо поразлична од своите помлади колешки. Во својата кариера повеќе се соблекувала од било што друго. Несомнено е дека има талент и дека е поп дива, но реално таа е онаа која го оставила овој тренд на помладите ѕвезди.

- Реклама -