Лејди Гага го вработи татко ѝ како менаџер на имот

Лејди Гага го назначи за батлер на куќата во Малибу надоверливиот човек – нејзиниот татко.

Гага го купи имотот за 24 милиони долари во октомври 2013 година.  Куќата располага со 5 спални, 12 бањи, базен, гимнастичка сала, винарска визба и коњушница за 8 коњи.

Имотот зафаќа површина од 6 хектари. Првично пејачката планираше да се пресели и да живее таму за постојано. Потоа сепак се откажа, бидејќи сфатила дека не може да го напушти својот сакан Њујорк, на кој што е навикната. Затоа таа му даде зелено светло на татко и Џозеф Германота да располага со имотот како што знае најдобро.

Тато Гага има право да ја издава куќата за изнајмување, да ја продава и слично. Пред сè, тој мора да ја одржува во беспрекорна состојба, во случај на неговата ќерка да реши да замине на ден-два до Малибу.

- Реклама -