Жестока расправија додека го чекаат третото дете: „Не сме спиеле заедно 5 години“

Се почесто се зборува за раскинот на славниот пар, а нивната последна расправија многу оди во тој прилог…
Партнерот на реалити ѕвездата Кортни Кардашијан, Скот Дисик, заврши на рехабилитација за зависници од алкохол и дрога, но се чини дека познатиот пар има уште проблеми. Поточно, Кортни му рекла дека потребно ѝ е малку простор и сака некое време да биде сама за да сфати што навистина сака од животот.

„Ама за што зборуваш ти?! Колку точно простор ти треба?! Па не сме спиеле заедно пет години“, одговорил Дисик, а Кортни на тоа коментирала дека добро ќе им дојде одвоеноста, за и двајцата да сфатат што сакаат во животот.

Двојката има две деца- 4-годишниот Мејсон и 2-годишната Пенелопе, а наскоро ќе го добијат и третото дете. Иако не спијат во ист кревет, се чини дека сексуалниот живот сепак не е проблем…

- Реклама -