Со секс до врвот: „Спиев со многу мажи во индустријата“

Мрачна, мистериозна, но супер популарна Лана дел Реј открила како нејзините песни и не се далеку од вистианта…
Американската пејачка Лана дел Реј малку е чудна, но затоа ја обожаваат и сакаат. Таа предизвика контроверзии со своите видео спотови, но песната „F****d My Way Up To The Top“ предизвика возбуда во јавноста. Всушност, Лана вели дека спиела со многу мажи од индустријата за да стигне до врвот, а сега сето тоа го испеала.

Лана дел Реј, вистинското име ѝ е Елизабета Грант, рекла во едно интервју за магазинот Complex: „Спиев со многу мажи во индустријата, но ниту еден од нив не ми помогна со издавање на албумот. Тоа иритира.“ Од тоа што се знае, Лана била во кратка врска со рокерот Бери-Џејмс О’Нил, Мерлин Менсон, Асап Роки, фронтменот на Guns’n’Roses Алекс Рос…

Лана три пати се обидувала да стекне светска слава, но дури со „Born to Die“ го постигнала тој успех.

Интересно е тоа што нејзиниот татко е богат маркетинг експерт и има инвестирано милиони во својата ќерка, па се поставува прашањето: Дали сето ова е дел од маркетинг игра или Лана е вистинска „мераклика“, тоа проценете го самите.

- Реклама -