„Љубовницата” на Џеј Зи проговори

Споменуваната како долгогодишна љубовница на Џеј Зи – пејачката Маја Денис, конечно проговори. Чоколадната убавица даде до знаење дека  нема ништо заедничко со колегата и двајцата дефинитивно не се интимни.

„Никогаш не сме имале афера, немаме афера и нема и да имаме афера”, изјави Маја. Пејачката ги демантираше гласините дека Џеј ја издржува и двајцата редовно одржуваат контакт по телефон.

Потсетуваме дека пред неколку дена Бијонсе го промени текстот на една своја песна и на тој начин наводно ги опеа  неверствата  на нејзиниот сопруг за време на нивната севкупна турнеја, која  се случува во моментов. Злобните јазици инстантно ја поврзаа песната на поп дивата со односот на Маја и Џеј Зи, за кој се шушука низ музичките кругови одамна. Досега официјалниот портпарол на музичкото семејство на Бијонсе и Џеј Зи не ја искоментирал скандалозната случка.

- Реклама -