Принцот Хари страда за Кресида

Принцот Хари страда по раскинот со Кресида Бонас, толку многу што наместо пијанчење и оргии со останатите гости на свадбата во Мемфис на кој бил со неговиот брат Вилијам, решил да си оди во кревет во девет, тврди Daily Mail.
Хари бил на свадбата кај својот најдобар пријател Гај Пелиј. Иако 150 гости го терале да остане за забавата која траела до касните ноќни часови, Хари одбил.

– Делуваше тихо и тажно- велат оние кои биле на свадбата. Околу полноќ, сите се наместиле кај шанкот пиејќи шампањ и сликајќи selfie фотки. Хари побегнал пред тоа, бидејќи, како што наведуваат неговите пријатели, не сака Кресида да го види во такво издание, бидејќи тогаш можеби нема да сака да му се врати.

- Реклама -