Ништо од свадбата: Анџелина полудела поради семејството на Бред

Најпознатиот холивудски пар, очигледно се уште нема да застане пред олтарот…

Славниот пар, Анџелина Џоли и Бред Пит уште еднаш потврдија дека од свадбата нема да биде ништо, барем не во најбрзо време. Наводно, тоа се случува поради големата расправија коај што избила меѓу Анџелина и фамилијата на Бред.

Имено, Анџелина не може да поднесе што неговото семејство е претерано религиозно и поврзано со свештеник кој е против хомосексуални бракови. Актерката веќе неколку пати говореше дека таа и Бред нема да се земат додека не се легализираат геј браковите.

Заради борбата за рамноправност, убавата актерка била многу лута на неговата фамилија.

Таа дури и му рекла на Бред дека ќе разговара со семејството бидејќи нема да се мажи под такви околности.

Родителите на Пит редовно посетуваат црква во која свештеникот ги осудува хомосексуалните бракови и наводно шири говор на омраза.

Анџелина е очајна поради овој став на неговата фамилија и поради тоа се уште не сака да се омажи за својот долгогодишен партнер.

- Реклама -