Бега од градот за да не мора да ја гледа свадбата на поранешниот?

51-годишната актерка не сака да биде во градот кога нејзиниот поранешен ќе стапи во брак со друa.
Пoранешната сопруга на актерот Ештон Качер, Деми Мур, планира да избега од градот за време на оддржувањето на венчавката на Качер и Мила Кунис, пишуваат американските медиуми.

Актерката бара можност за бегство, а се чини дека нејзината дестинација ќе биде Индија.

– Деми се уште се опоравува од разводот и им признала на пријателите дека ќе излезе од градот за време на подготовките и оддржувањето за свадбата, открил извор.

Деми знае дека ќе мора да издржи бидејќи овој настан ќе биде главна тема на сите, а Ештон веќе ги известил пријателите дека ќе покани голем број на познати личности.

– Таа ќе отиде во духовен центар во Индија, каде ќе се буди во 4 часот наутро, ќе пее, медитира, вежба јога, ќе јаде лесна храна и ќе се облекува во фустани, додал изворот.

- Реклама -