Нова љубов на хоризонтот: Шарлиз Терон и Шон Пен ги поминаа празниците во Хаваи

Шарлиз Терон и Шон пен празниците ги поминаа на Хаваите, пренесуваат американските медиуми. Парот одморот го поминал во домот на актерот, а очигледно нова холивудска љубов започнала.

– Шарлиз и Пен се пријатели со години. Во последнава година се видени неколку пати заедно во јавноста, иако таа тогаш се забавуваше со Стјуарт Таунсенд. Со тогашниот партнер и Пен доаѓал на вечера- рекол изворот.

Актерката Шарлиз Терон (38) на Хаваите најмногу уживала во сончањето, додека Шон Пен (53) ја испробувал својата вештина во сурфањето. Друштво им правеле заеднички пријатели, а синот на актерот Џексон, иако се очекувало, не им се придружил.

Двојката пристигнала во Хаваи пред три дена и ноќта ја поминале во куќата на Пен, која пак ја напуштиле следното утро во одделни автомобили.

- Реклама -