Oрландо Блум веќе има нова девојка?

По само неколку дена откако се разведе со сопругата, Орландо Блум гостуваше во американската ток шоу програма „Live With Kelly And Michael” каде со страст разговараше за бакнежите  со неговата колешка од „Ромео и Јулија“.Тој заедно со неа игра во современа адаптација на претставата „Ромео и Јулија“ која премиерно ќе биде прикажана на Бродвеј.

Актерот со огромно воодушевување зборуваше за бакнежите со Кондола Рашад што водителката Кели се понуди да и покаже за какви бакнежи станува збор.

– Понекогаш не сакам да ја пуштам од рака. Само би ја бакнувал, онака сочно и долго, изјави актерот, по што започнаа трачевите дека тој има нешто повеќе од глума со својата колешка.

- Реклама -