Гога Секулиќ со полициска помош ќе се всели кај свекрвата

Со оглед на тоа што свекрвата на Гога Секулиќ не сака да ја пушти во станот, полицијата со судски налог ќе ги промени работите, дознава „Блиц“. Како ќе изгледа нивниот живот под ист покрив во 58 метри квадратни после судење, лоши односи и дури и физички пресметки, никој не може ниту да претпостави.

Откако Гога го откри валканиот веш и ја обвини свекрвата дека ја исфрлила од станот и ги продала венчалните бурми, свекрвата Зорица Терзин исто така откри некои шокантни детали. Имено, таа изјавила дека еден ден пред четириесетдневниот помен за Игор, Гога физички ја нападнала и претепала откако таа и го побарала клучот.

„Дури тогаш видов до која мера е таа способна да се трансформира“ изјавила Зорица.

Адвокатот на Гога Секулиќ потврдил дека е точно дека сега тие две ќе живеат сега заедно, откако судот донел одлука.

392909_1520puls398k1naslovna2_ff

- Реклама -