Шармантен мустаќлија: Ова е богаташот кој ја освои Моника Белучи

Според пишувањата на азербејџанскиот портал Haqqin.az, Моника Белучи пред четири години ја започнала романсата со претседателот на фудбалскиот клуб Беитар од Ерусалим, Талеман Исмаилов.

Италијанската филмска дива, која неодамна објави дека нејзиниот 14 годишен брак со францускиот актер Винсент Касел е завршен, го запознала 57-годишниот богаташ во 2009-та година кога отпатувала во Турција на отворањето на еден луксузен хотел кој се наоѓал во близина на комплексот на кој тој е сопственик.

Телман е познат по тоа што е огромен женкар и е мошне дарежлив кон жените кои му се допаѓаат, па така има потрошени милиони на бројни познати ѕвезди, меѓу кои Џенифер Лопез, Шерон Стоун, Парис Хилтон, Мараја Кери итн…

?160 (1934) 28 ?????? 2007