Бред Пит: Џенифер е досадна личност

Познатиот актер Бред Пит, ја разлути поранешната сопруга, Џенифер Анистон, бидејќи во интервју за магазинот „People“ тој изјавил дека таа е досадна личност и поради тоа и го мразел нивниот брак.

Веднаш штом спорното интервју било објавено, Бред се обратил на јавноста извинувајќи се и воедно изјавувајќи дека магазинот ги испревртел неговите зборови.

Без обзир на извинувањето, Џенифер е навредена и лута, па нејзиниот ПР го контактирал Пит.

Се претпоставило дека тој навистина го кажал објавеното, а како можна причина за тоа странските медиуми ја наведуваат неговата љубомора за среќата на Џенифер во љубовта.

Џенифер наскоро би требало да се омажи за колегата Џастин Тероа, за кој е свршена од август, минатата година.

- Реклама -