Линдзи Лохан призна дека не сакала да снима љубовни сцени со Чарли Шин

На снимањето на хорор пародијата „Scary Movie 5“Линдзи Лохан барала двојничка за снимањето на љубовните сцени од страв дека Чарли Шин би можел да ја зарази.

Во петтото продолжение на хорор пародијата „Scary Movie“ режисерот Малколм Д. Ли ги исмева филмските остварувања на неговите колеги Кристофер Нолан, Дарен Аронофски и други. Најинтересните имиња во актерската постава на филмот се Линдзи Лохан и Чарли Шин кои во филмот се шегуваат и на сопствена сметка.

Lindsay+Lohan+and+Charlie+Sheen+scary+movie

Проблематичната Лохан на снимањето имала разни барања и одбила да ги сними љубовните сцени со Шин. Барала тој дел да го обработи нејзината двојничка затоа што стравувала дека актерот, поради своето бурно љубовно минато, би можел да и пренесе некаква болест. Затоа сцените во спалната ги обработила нејзината двојничка.

- Реклама -