Ди Каприо со нова девојка- конечно премина на бринети

Животот на Леонардо Ди Каприо не може да биде подобар.Режисерите го молат да прифати улога во нивните филмови, парите течат од сите страни, а жените буквално му се фрлаат под нозе.

Холивудскиот убавец веројатно е личност која се забавувала со најмногу топ модели. Но, изгледа дека тоа не му е доволно. Иако официјално е во љубовна врска со Тони Гарн, прилично блиску и интимно се забавувал со непозната девојка во Кан.

Ди Каприо бил на една забава во клуб, по свечената премиера на филмскиот фестивал во Кан, а окото му го фатила една бринета од која не се одвоил цела вечер. Играле, пиеле заедно и изгледа дека добро се забавувале.

Очевидците за странсикте медиуми велат дека заедно си заминале од клубот пред затворањето.

- Реклама -