Згодни и среќни: Најубавиот холивудски пар

Иако за нивниот приватен живот скоро ништо не се знае, Кејт Бекинсејл и Лен Вајсман се холивудски ѕвезди кои успешно се балансираат помеѓу кариерата и бракот. Атрактивната актерка и успешниот сценарист и режисер секој слободен момент го поминуваат заедно, а каде и да се појават привлекуваат внимение.

Брачниот пар поминал еден ден во шопинг, а заедничката прошетка низ градот не можела да помине незабележано.

И додека 41-годишната Кејт Бекинсејл витката линија ја нагласила со едноставна комбинација на црни фармерки, маица со кратки ракави и тренди чизми до глужд, нејзиниот сопруг Лен Вајсмен извајаното торзо го истакнал ос бела маица која била во тон со фармерките и чизмите.

Заљубената и среќна двојка уживала во заедничкото друштво и слободно можеме да кажеме дека ова е еден од најубавите холивудски патови кои веќе 11 години ужива во заедничкиот живот.

- Реклама -