55 годишниот пејач во штикли лумпуваше до утринските часови

Не е никаква тајна дека тој е висок само 1.57 cm, па дури и е препознатлив по неговата минијатурна димензија.

Па така, не е ниту новитет или изненадување што Принц одвреме навреме знае да се врати на старата мода од пред неколку децении и да си облече штикли.

Имено, 55-годишниот пејач излезе во понеделникот вечерта во Стокхолм, Шведска во бел сатенски пар дрвени штикли. Но не беа само штиклите тие што влијаеа на необичниот изглед, туку, ѕвездата која е позната по тоа што сака да облекува екстравагантни алишта уште еднаш не потфрли на својот добро познат имиџ. Така, Принц пристигна во ноќниот клуб со широки бели пантолони, црн капут и сребрен бастун.

Но, и покрај вообичаениот бизарен изглед, се чини дека пејачот на „Purple Rain“ си поминал одлично вечерта со оглед на тоа што бил забележан како излегува од таму дури во раните утрински часови.

article-0-1B276AFA000005DC-420_634x891