Порција шарм и свежина од Суки Вотерхаус

Еден куп познати личности се собраа на премиерата на вториот дел од снимената трилогија на Вероника Рот, филмот Insurgent во Њујорк.

Една од дамите кои придонесоа за потребната доза свежина и убавина на црвениот килим, беше Суки Вотерхаус. Британската убавица која гради опасна кариера на модната писта, сега се сврте и кон филмот.

26B8A89900000578-2998500-image-a-4_1426583490223suki-waterhouse-insurgent-premiere-in-new-york-city_7

22-годишната Суки, за која се зборува дека ја раскинала деновиве врската со 17 години постариот актер Бредли Купер, се појави во исклучително нежна тоалета од пролетно-летната колекција за 2015-та на Reem Acra.

TOM FORD: Front Row - London Fashion Week AW14
Наводно тие повеќе не се заедно

Пастелната креација и прилегаше одлично, нагласувајќи ја нејзината прецизна фигура. Романтичната фризура со волумен и шминка со очна линија ја дополнуваа нејзината визија.

26B883DF00000578-2998500-image-a-3_1426583464992(1) suki-waterhouse-insurgent-premiere-in-new-york-city_22 suki-waterhouse-reem-acra-dress

Русокосата ѕвезда, која речиси две години се забавуваше со Бредли Купер се појави сама на настанот, но тоа не ја спречи да ја разведри ситуацијата и да ги покаже најзабавните гримаси на кои е способна. Суки е едно од свежите нови лица во светот на модата и тоа со добра причина. Таа има невино лолитско емитување, што го забележаа најголемите имиња во светот на модата и филмот.

Ви се допаѓа ли?

- Реклама -