Донатела Версаче и Лејди Гага личат како мајка и ќерка

Како почесна гостинка на ревијата на Донатела Версаче која се одржуваше во Париз, Лејди Гага реши да ја возврати „услугата“ со речиси идентичен изглед како оној на познатата дизајнерка.

Постојат многумина кои сакаат да го имитираат стилот на Лејди Гага, но, во последно време може да се забележи дека и славната пејачка си има свои идоли. Имено, 71 годишната Донатела и 27 годишната Гага, во последно време се чини како се повеќе да го зацврстуваат своето пријателство, кое како намерно да сакаат и да го покажат преку идентичниот стил. За последната колекција на дизајнерката токму Лејди Гага беше одбрана за заштитно лице, а една од песните на нејзиниот албум носи име „Версаче“.

На ревијата многумина коментирале дека тие двете изгледаат како мајка и ќерка, па дури и како Лејди Гага изгледа како клон на Донатела Версаче. Во секој случај, мора да се признае дека на пејачката и тоа како и стои новиот имиџ.

article-2542328-1ACEF55900000578-30_634x950 article-2542328-1ACFAA2D00000578-912_634x948 article-2542328-1ACFAA6700000578-652_634x847