Моника Белучи заблеска на црвениот килим

Долгогодишната муза на D&G, Моника Белучи, изгледаше боженствено во црвената чипка од ова дизајнерско дуо, на премиерата на нејзиниот нов филм „Des Gens Qui S’embrassent”.

Италијанката која гламурозниот стајлинг го надополни со црни високи потпетици од Кристијан Лобутин и црна чанта со златен ланец, изгледаше значително помладо од нејзините 48-годишни врснички.

Романтичната комедија е дело на режисерот Даниел Томпсон кој се занмава со културолошките разлики на едно семејство од Сен Тропе.

Сопругот на Моника, Винсен Касел, не беше со неа за премиерата бидејќи и тој самиот го промовира неговиот нов филм „Trance“, во режија на Дени Бојл.

- Реклама -