Утрово во сообраќајна несреќа загинало 18-годишно момче, кое го управувало возилото што излетало од патот и се превртело.
Во несреќата се тешко повредени двајцата сопатници, едниот 20-годишен, а другиот 23-годишен.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 2.30 часот, на улицата Јадранска магистрала. Возачот Д.К. управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превртел. Возачот починал на самото место на несреќата. Двајцата сопатници биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.