Еден човек се шета спокојно по улица, гледа отсутно нагоре и одеднаш паѓа во шахта. Зошто оваа сцена нè тера да се смееме?
Објаснувањето го даваат психолози од Стенфорд.
Првата е “создавање на рамка”, која ја става животната случка во несериозен контекст, објаснува д-р Вилијам Фрај од Универзитетот Стенфорд. Ако некој падне во шахта пред нашите очи, поверојатно е да притрчаме кон помош, отколку да се смееме. Ако сепак елегантна дама се сопне и падне на земја, ова веројатно ќе не насмее.
Страдањето на “жртвата” не е толку страшно што ќе ја наруши безбедната рамка. Друг услов е неусогласеноста: вицовите обично завршуваат со неочекуван пресврт. Сопнувањето е секогаш неочекувано и затоа е смешно.
Значи, покрај вродената симпатија и емпатија, инстинктот за непредвидливост може да надвладее. Невробиологијата дава свој придонес во објаснувањето на феноменот со отворањето на “огледални неврони”. Кога се сопнуваме, посегнуваме, за да се фатиме. Кога гледаме некој кој се сопнува, одредени неврони во мозокот ни се активираат како да сме на негово место. Според Вилијам Фрај овој невролошки фактор го “скокотка” мозокот, кој го зајакнува чувството на несоодветност и нè тера да се смееме.