Народен трик открива кога ќе го кажете судбоносното „ДА“

Со овој трик девојките се служеле уште од дамнешни времиња, а истиот открива во која година од животот ќе се венчате. Вреди да се проба, зар не?

Сигурно барем една од вашите мајки или баби слушнале за прочуениот народен експеримент со венчален прстен во чаша вода, кој ја погодува годината во која ќе го кажете вашето „Да“.

Ако до сега не сте имале можност да го спроведете овој трик на дело, а сте љубопитни како нас, ви предлагаме да го направите тоа уште денес. Ништо нема да ве чини, а сигурно ќе се забавувате со пријателите.

Налејте вода до половина чаша за сок, а прстенот закачете го на конец и чекајте. По некое време прстенот ќе започне да удира по страните на чашата, а вие полека бројте ги ударите, бидејќи токму тоа се годините во кои ќе се омажите.

11694350_10152928289026674_2098999434_n

Внимателно слушајте и сконцентрирајте се, за да не пропуштите ниту еден удар. Обично, колку пати и да го повторувате овој експеримент, бројот е ист.

- Реклама -