Зошто некои луѓе се здодевни?

Има ли човек кој што не се грижи за тоа дали е здодевен? 

Имало неколку систематски истражувања кои се занимавале со оваа тема.  Не многу, но доволно за да обезбедат асортиман на одговори. Во серија студии социјалниот психолог Марк Лири и тројца негови соработници дошле до заклучок дека здодевноста ја предизвикуваат непотребните нешта кои што ги зборуваме, но и начинот на кој што зборуваме. Заклучно со ова, и содржината и стилот се важни. Научниците исто така откриле дека можеби кога се срамиме и го издаваме тоа,  другите сметаат дека сме здодевни, бидејќи во тој случај тие имаат тенденција да ни судат негативно и за многу други работи. Во првиот дел од истражувањето, научниците барале од луѓето да го опишат „она што го прават оние кои ни се чинат како здодевни личности”. Потоа тие направиле листа од најчесто споменуваните 43  работи. Така стигнале до девет категории на досадно однесување. Почнувајќи од најдосадното, тоа се следниве:

1. Најздодевно од сите здодевни начини на однесување е она што научниците го нарекуваат “негативна егоцентричност” – да се жалите постојано, говорејќи за своите проблеми и покажувајќи недостиг на интерес кон другите.

2. Баналноста – да зборуваш за тривијални или површни работи, да се интересираш само за една тема, и да ги повторуваш исти приказни и шеги.

3. Ниската афективност – недостаток на ентузијазам, монотон говор, недостатокот на невербален контакт и како целина неизразителното однесување.

4. Здодевно за слушање – бавниот говор, долгите паузи пред одговор, времето, кое е потребно да се изрази мисла, и завлекување на темата, додека да се дојде до главната поента.

5. Пасивност – да немаш што да кажеш, да немаш мислење, да бидеш премногу предвидлив или премногу склон да се согласиш со мислењето на другите.

6. Опседеност од себе – тоа е очигледно: да зборуваш за себе цело време.

7. Сериозност – да даваш премногу сериозен вид, поретко да се смееш.

8. Да сакаш премногу да се допаднеш – да се обидуваш да изгледаш забавно или љубезно, за да ги импресионираш околните.

9. Дисипација – да правиш работи кои му пречат на разговорот, да упаѓаш во разговори или да претеруваш со празни приказни.

Во следниот сет на истражување, луѓето биле снимени со видео камера за време на разговор.  Потоа други луѓе ја проценувале нивната здодевност, а научниците темелно го енкодирале типот на нешта за кои зборуваат, за време на записите.

- Реклама -